7D Кино

Таканаречената 7Д технологија е вистински хит во светот последниве години. Станува збор за најнова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното доживување комплетно, дозволувајќи ви да “влезете” во филмот.


Симулаторната платформа им додава на 3Д филмовите дополнителни ефекти со што забавата станува уште поголема. Ги чувствувате мирисите, чадот и ветерот; снегулките и капките дожд паѓаат на вашето лице; меурчиња се распрснуваат насекаде околу вас; ве скокоткаат ситни бубачиња додека вашите столчиња се движат соодветно со движењата во самите анимирани филмчиња кои траат десетина минути, правејќи го секое возење незаборавно доживување. Ова е нешто што ги привлекува најмладите, но со сигурност го буди љубопитството и кај повозрасните.